Самер: Рацете понастрана од Манџукиќ

Спортскиот директор на актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М), Матиас Самер испрати јасна порака до сите заинтересирани клубови дека хрватскиот интернационалец, Марио Манџукиќ нема да си замине од “Алианс Арена” за време на летниот преоден рок.

„Тоа е само губење на време, подобро е да се занимаваат со нешто друго отколку да подготвуваат понуда за нашиот напаЃач. Манџукиќ е голема важност за Баерн (М), а јас ќе ја повторам веќе дадената изјава дека Марио игра како животно. Марио е тимски играч, секогаш има помага на клупските колеги, а сите занаат колку километри истрчува за време на еден фудбалски натпревар. Постојано е провоциран, постојано е фаулиран, но Марио редовно ги тресе противничките мрежи”, изјави Самер.

Репрезентативецот на Хрватска сезонава има постигнато 17 погодоци на 28 натпревари кои ги има одиграно во германската Бундес лига.