Самит на Европската унија

Лидерите на ЕУ денеска и утре ќе се состанат во Брисел за да разговараат за надворешните работи, особено за односите со Турција и ситуацијата во Источен Медитеран. За време на видео-конференцијата на 19 август, лидерите ја изразија својата загриженост за растечките тензии и ја нагласија итната потреба за деескалација меѓу Турција и Грција. Членовите на Европскиот совет ја изразија својата целосна солидарност со Грција и Кипар и потсетија и ги потврдија претходните заклучоци за незаконските турски активности во потрагата по гас на Средоземно море.

Се очекува лидерите да се осврнат и врз конфликтот во Нагорно Карабах, односите со Кина, ситуацијата во Белорусија и труењето на Алексеј Навални. Исто така на агендата ќе се најдат и економски теми како единствениот пазар, индустриската политика и дигиталната трансформација. Овој самит, првично беше планиран за 24 и 25 септември, но беше одложен бидејќи претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел беше во карантин.