Самит на Г7: Макрон и Џонсон се скараа за колбасите

Официјален Лондон ги замоли во неделата земјите членки на Европската унија за малку почитување по острите изјави на темата колбаси кои ги разменија францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Борис Џонсон на маргините од самитот на седумте најбогати земји на светот групата Г7 во врска со границата во Северна Ирска.

Џонсон на самитот на Г7 во англиски Корнвол, се пожалил на актуелните прописи со коишто се оневзоможува испораката на колбасите од островскиот дел од Велика Британија во Северна Ирска, која е нејзина покраина а има лабава граница со Република Ирска којашто е членка на Европската унија.

„Тоа би било исто како во Париз да се забрани продажбата на познатите колбаси од Тулуз“, забележал британскиот премиер Џонсон, пренесуваат весниците Times и The Telegraph.

Францускиот претседател Емануел Макрон ја одбил таквата споредба на Џонсон, велејќи дека „Париз и Тулуз се дел од истата земја“, пренесуваат натаму весниците.

И покрај тензиите кои по брегзитот растат во Северна Ирска, британската влада и ЕУ во средата не постигнаа никаков напредок во врска со трговските одредби, кои му се закануваат на мирот во британската покраина.

Договорот на богатите земји на самитот во Корнвол го отежнаа разликите во ставовите меѓу Лондон и Брисел за трговските контроли наметнати меѓу Велика Британија и нејзината покраина Северна Ирска. Овие контроли ја нарушија трговската размена и ги разгневија ирските унионисти, кои се залагаат за останување на покраината во рамките на Обединетото Кралство.

По серијата разговори во саботата со францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел и члениците на Европската комисија и на Советот на Европа, Урсула фон дер Лејен односно Шарл Мишел, британскиот премиер Борис Џонсон предупреди дека Лондон ќе „направи сѐ што е потребно“ за да го заштити британскиот територијален интегритет во трговскиот спор со ЕУ, и се закани со вонредни мерки доколку не се изнајде решение.

Британскиот министер за надворешни работи Доиник Рааб ги критикуваше „највисоките функционери на ЕУ кои за Северна Ирска говорат како да станува збор за одвоена од Велика Британија“, а според него тоа „не само што е навредливо, туку има и конкретно влијание врз заедниците“, пренесува Reuters.

„Замислете што би било кога така би разговарале за Каталонија, фаламанскиот дел на Белгија, германските сојузни држави, северот на Италија, француска Корзика, сметајќи ги за засебни земји? Ве молам, малку почит“, рекол Рааб.

Мерките усвоени за Северна Ирска би требало да придонесат за „зачувување на мирот“ во оваа британска покраина, настојувајќи да се избегне ткн „тврда граница“ со соседната Република Иска. Мерките на почетокот од април предизвикаа остри политички превирања, па дури и насилни улични судири.

Француски дипломатски извор ја обвинил владата на британскиот премиер Борис Џонсон дека ги користи несогласувањата кои се однесуваат на северноирската трговија за да го одвлече вниманието од клучните прашања на самитот на Г7, пренесува AFP.

„Тоа е едноставно дистракција“, рекол неименуваниот соговорник и додал дека на Џонсон „Макрон му одговорил: не ми кажувајте дека не сте знаеле што потпишувањет кога во декември го потпишавте договорот за брегзитот“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.