Самит на Г7 за нови санкции против Русија

Лидерите на Групата седум најбогати демократии (Г7) на тридневен самит во Германија ќе договараат нови санкции со цел да се зголеми притисокот врз Русија, чии акции во Украина создадоа недостиг на храна и енергија во светот.

Медиумите пишуваат дека санкциите за руските енергенси имаа непожелен ефект – зголемување на цените на енергијата, што доведе до тоа Русија да заработи повеќе од извозот, и покрај падот.

На самитот се очекува лидерите на Г7 да договорат забрана за увоз на злато од Русија. Тие, исто така, ќе разговараат за мерките за спречување на порастот на цените и за замена за руската нафта и гас.

На самитот ќе присуствуваат лидерите на САД, Германија, Франција, Велика Британија, Италија, Канада и Јапонија.

Пред почетокот на самитот се одржаа и протести против глобализмот.

Демонстрантите повикаа да се стави крај на зависноста од руските фосилни горива, побараа од Г7 да одвои повеќе ресурси за спречување кризи, управување со граѓански конфликти, економски развој, заштита на животната средина и зачувување на разновидноста на животните и растенијата и очекуваа Г7 да преземе мерки против сиромаштијата и климатските промени и гладот ​​во светот.