Самит Шабани: Нема приведени лица за тероризам туку само повикани на распит

131

Неофицијално се зборува дека нема приведени лица за тероризам туку само повикани на информативен разговор во полициска станица. Тој распит на лицата траел триесетина минути, изјави Самит Шабани во Топ Тема на ваша страна .

Во Македонија има регистрирани 86 повратници од боиштата на ИСИЛ . Според Самит Шабани од невладината организација “Хоризонти” која работи на ресоцијализација и интеграција на овие лица во општетството на местата каде живеат повратниците нема спроведено акција од полицијата во која има приведени лица. Шабани работел и на националната стратегија за спречување на насилен екстремизам која ја објави Владата минатата година.

Во петокот МВР  соопшти дека спровела акција по претходно разменети оперативни сознанија со партнерска земја, во врска со потенцијални планови и намери за извршување на терористички акт на територијата на Северна Македонија од  припадници на радикални структури поддржувачи на ИСИС.

Со цел попречување на терористичкиот напад и остварување на превентивната функција, Министерството за внатрешни работи изготви план на мерки и активности, за што обезбеди соодветни наредби за нивно спроведување. По добиените наредби на неколку локации на територијата на државата извршени се претреси при што се одземени предмети и уреди кои се поврзани со можниот напад. Министерството за внатрешни работи продолжува да спроведува дејствија, мерки и активности со кои се работи на осигурување на безбедноста на граѓаните, се велеше во соопштението.

Од тогаш МВР не даде детали за акцијата а Американската амбасада истиот ден соопшти дека  „Во Северна Македонија постои зголемен ризик од терористички напади инспирирани од екстремистичка идеологија. Терористичките напади и други безбедносни инциденти често се случуваат без никакво предупредување, а граѓаните на САД треба да одржуваат високо ниво на претпазливост. Екстремистите повеќе се стремат кон изнаоѓање и напади врз ‘меки цели’, како што се: трговски центри и пазари, аеродроми, хотели, клубови и ресторани, верски објекти, училишта, паркови и јавни настани од висок профил, како спортски натпревари, политички митинзи, демонстрации, празници…“, стоеше во пораката од Амбасадата на САД во земјава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.