Самитот на лидерите на ЕУ почна со едноминутно молчење за жртвите од земјотресот во Турција и Сирија

Лидерите на земјите-членки на Европската Унија со едноминутно молчење им оддадоа почит на жртвите од земјотресите во Турција и Сирија на почетокот на денешниот Самит во Брисел, јавува Анадолија.

„Вонредната седница на Европскиот совет штотуку започна со едноминутно молчење за жртвите од земјотресот што ги погоди Турција и Сирија“, објави на Твитер Барен Лејтс, портпарол на претседателот на таа институција, Шарл Мишел.

Во заедничкото писмо до турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган тие велат дека се „длабоко шокирани и тажни“ и „се во целосна солидарност со народот на Турција и Сирија“, пренесува новинарот на Ајриш Тајмс преку објава на Твитер.

Пред средбата, неколку лидери на ЕУ изразија длабоко жалење и сочуство за жртвите во земјотресот.

Литванскиот претседател Гитанас Наузеда упати сочувство до Турција, наведувајќи дека Литванија е подготвена да ги поддржи земјите погодени од страшните земјотреси.

Естонската премиерка Каја Калас изрази жалење за катастрофата и рече дека нејзината земја пред два дена испратила 45 спасувачи со опрема во Турција.

На дводневниот Самит се очекува лидерите на ЕУ да разговараат за поддршката за Украина, миграцијата и економските прашања.