Самитот на НАТО на почетокот од декември во Лондон

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, потврди во средата дека самитот на НАТО ќе се одржи на 3-ти и 4-ти декеври во Лондон, по повод одбележувањето на 70-годишнината од формирањето на Алијансата.

Шефовите на државите и владите на членките ќе разговараат за иднината на Алијансата и за актуелните безбедносни предизвици. Британската престолнина е соодветната логакција, рече Столтенберг, потсетувајќи дека во Лондон се наоѓало првото седиште на НАТО. Годишнината од основањето беше веќе одбележа на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки во Вашингтон.

„Среќен сум што можам да соопштам дека самитот на лидерита на Алијансата ќе се одржи на 3 и 4 декември во Лондон по повод прославувањето на 70-годишнината од основањето на сојузот. Веќе разговарав за подоготовниите на самитот со британската премиерка Тереза Меј, се заблагодарив на подготвеноста да биде домаќин на овој состанок“, рече Столтенберг.

Естонија, исто така, сакаше да биде домаќин на овој самит. Според генералниот секретар, „бидејќи во 1949 година Обединетото Кралство било една од 12-те членки на НАТО, а Лондон е местото каде се наоѓаше нашето прво седиште, ова е вистинското место за шефовите на држави и влади да разговараат за иднината на Алијансата“.

Столтенберг вети дека челниците на Алијансата ќе разговараат за современите предизвици и планото кои НАТО ќе го направат „столб на стаблноста во кодините кои доаѓаат“.

НАТО е основен на 4-ти април 1949 година во Вашингтон. Го основаа САД, Франција, Велика Братанија и уште девет западни земји. Во моментов Алијансата има 29 членки.

Во средата, исто така, беше објавено дека генералниот секретар на НАТО, придружуван од Северноатлантскиот совет на 2-ри и 3-ти јуни ќе ја посетат Македонија. Во текот на дводневниот престој ќе имаат средби со државниот врв во врска со процесот на пристапување во северноатлантската Алијанса.

Ова е прва посета на Столтенеберг и високи претставници на НАТО на земјава по потпишувањето на протоколот за членство на Македонија во Алијансата, што досега го ратификуваа 13 од 29-те земји членки. По ратификацијата од страна на сите сојузници, земјава и официјално ќе стане 30-та полноправна членка на НАТО.