Само 25 од 249 републиканци во Конгресот ја признаваат изборната победа на Бајден, медиуми

Само 25 од 249-те сопартијци на актуелниот американски претседател, републиканецот Доналд Трамп, ја признаваат победата на демократот Џозеф Бајден на претседателските избори кои се одржаа на 3-ти ноември, пишува во саботата електронското издание на дневниот весник The Washington Post.

Новинарите на весникот го контактирале секој републикански законодавец во Сенатот и во Претставничкиот дом на Конгресот, и како резултат на нивната анкета се покажало дека вкупно само 25 конгресмени и сенатори отворено ја признаваат победата на Бајден, двајца сметаат дека победник е Трамп, а другите 222 не дале јасен одговор на прашањето кој според нив победил на изборите.

Покрај тоа, само 30 републиканци во Конгресот отворено ја изразиле својата подготвеност да го признаат Бајден за легитимен претседател доколку изборниот колеџ гласа за него на 14-ти декември. И притоа, само девет пратеници катергорично се против обидите на актулениот претседател Трамп да ги оспори изборните резултати, осум ги поддржуваат неговите активности во настојувањата да покаже дека изборите наводно биле наместени, а 232 републиканци не можеле да дадат одговор на прашањето.

„Резултатите (од истражувањето) го демонстрираат стравот кај повеќето републиканци од претседателот на заминување и неговата контрола врз партијата, без разлика што неговиот статус е само третиот во последните 80 години актуелен претседател кој ги загубил изборите во обидот да биде реизбран“, пишува The Washington Post.

Во написот се забележува дека заклучно со петокот вечерта, повеќе од 70 отсто од републиканските пратеници не можеле да дадат јасен одговор на прашањата поставени од новинарите за резултатите од претседателските избори.

„Во основа, тие избегнуваат да одговораат на прашањето во врска со изборите: (тие) не му честитаат на Бајден (на победата) и не ги поддржуваат најострите позиции и лажните изјави на Трамп“, заклучува весникот The Washington Post, кој припаѓа на ткн либерални медиуми кои беа едни од најжестоките критичари на администрацијата на републиканскиот претстедател.

Според процените на водечките американски медиуми, Бајден освоил далеку од потребните 270 електорски гласови на изборите на 3-ти ноември. Управата за општи работи (GSA), иако досега официјално не се изјасни за исходот од изборите, практично го призна Бајден за избран претседател и писмено го извести за можноста неговиот тим да има достап до буџетските средства потребни за започнување на процесот на пренесување на овластувањата пред претстојната инаугурација на 20-ти јануари.

И покрај бројните отфрлања од страна на судовите на тужбите на тимот на Трамп со барања за пребројување на гласовите, Трамп и натаму одбива јасно да го признае изборниот пораз, навестувајќи наводно продолжување на правната битка и обвинувајќи ги демократите и изборните комисии за „бројни прекршувања“ на изборниот процес.