Само 26 отсто Австријци ја сакаат Македонија во ЕУ, 41 отсто против

Австријците повеќе би ја сакале Босна во ЕУ, отколку било која друга држава од Западен Балкан, а најмалку Турција, покажува истражување спроведено воочи утрешното претставување на извештајот за напредок на земјите кандидати. За Австријците Србија и Црна Гора се поприфатливи од Македонија, зад која се Косово и Албанија.

Од пристапувањето на Хрватска во ЕУ пред пет години темата за проширување за Австријците падна во друг план. Подршката за поедини кандидати од Западен Балкан и поред благото подобрување, и понатаму е на ниско ниво, но интересно е дека опаѓа одбивањето- вели Пол Шмит, генерален секретар на Австриското друштво за европска политика (OeGfE).

Пристапот на Босна и Херцеговина во ЕУ го подржуваат 31 отсто Австријци, а 36 отсто се против, додека 24 проценти кажале дека им е сеедно дали оваа држава ќе стане членка на ЕУ. Во случајот на Србија 29 отсто го подржуваат членството, но дури 45 отсто се против, а 15 отсто се рамнодушни по тоа прашање.

Слично е и со Црна Гора, 29 отсто за, 39 против, а 24 проценти им е сеедно. Кога станува збор за Македонија 26 отсто би го подржале нејзиниот влез во ЕУ, но 41 отсто се против, а 22 отсто се рамнодушни кон тоа прашање. Во однос на Косово и Албанија по 26 проценти се за нивно членство, но по 46 отсто се против, а 22 отсто им е сеедно. За приемот во Турција против се дури 76 отсто Австријци, 13 отсто им е сеедно дали Анкара че пристапи кон Унијата, а само седум отсто се за.

Инаку една четвртина, односно 23 отсто од Австријците сакаат нивната земја да биде „мотор за прием“ на земјите од Западен Балкан, а 58 проценти сметаат дека тоа не е потребно.

Австрија веќе долго време го подржува приближувањето на земјите од Западен Балкан на ЕУ. Меѓутоа, се’ додека во ЕУ не се спроведат реформи поддршката за понатамошно ширење ќе биде скромна. Истовремено членството на Западен Балкан не семе да се одлага до недоглед, туку мора посилно од порано да се стави на дневен ред, за да се поттикне реформскиот процес во Југоистична Европа, смета Шмит.