14.4 C
Skopje
вторник, октомври 15, 2019

Само 5 отсто од семејствата ќе можат да ги повраат максималните 7.200 денари од човек

152

И тие ќе мораат да потрошат околу 18 илјади евра, но не на сметки за комунални услуги, кредити.

„Семејство чија потрошувачка кошничка месечно изнесува 32.670 денари ќе може да очекува поврат на ДДВ од 172 евра за една година. Повратот на ДДВ ќе биде тешко за оние кои земаат просечна плата и уште потешко за оние кои земаат минимална плата.“ – вели Благица Петрески од Фајнанс Тинк.

Четиричлено работничко семејство, кое нема автомобил, за исхрана и пијалоци, домување, хигиена, превоз, облека и обувки, култура, одржување на здравје годишно троши 6.370 евра, а  на државата ѝ плаќа ДДВ во износ од 1.146 евра. Според тоа, може да очекува поврат на ДДВ од 172 евра за една година.

„Социјалната потрошувачка кошничка можат да ја покријат само семејствата со две просечни нето плати или со една просечна и една минимална плата. Семејствата со две минимални плати не се во можност без да се откажат од нешто да преживеат и со синдикалната потрошувачка кошничка. Според тоа, тие и најмалку ќе добијат од колачот што се вика поврат на ДДВ”. – посочива Благица Петрески.

Рекациите на експертите се нижат на социјалните мрежи. Според, економистот Павле Гацов, министерот испуштил да каже дека дел од прехрамбените производи се продаваат со 5 проценти ДДВ, што пак во таков случај семјствата ќе треба да трошат многу повеќе од 18 илајди евра, или пак ќе враќаат помалку од максималните 7200 денари по член на семејство постар од 15 години. Просечна нето плата во земјава земаат околу 17 отсто од вработените, додека 75 отсто од нив земаат плати под државниот просек.

Вкупниот годишен поврат на ДДВ кај сите домаќинства би достигнал 49,5 милиони евра велат проценките на познавачите, иако според премиерот целта на оваа мерка е граѓаните да станат даночни инспектори кои ќе и помогнат на државата да ги натера сите фирми да издаваат фискални сметки.

Извор: telma.mk

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.