Само 700 илјади кинески парови се пријавиле за второ дете

Седумстотини илјади кинески парови оваа година се пријавиле за второ дете, иако претходните проценки биле меѓу милион и два милиона.

Жао Јанпеј од Националната комисија за здравство и планирање семејство рекол дека бројот на пријавени парови е помал отколку што се очекувало, но додал дека прерано е да се донесуваат заклучоци за тоа како новата кинеска политика ќе влијае врз кинескиот наталитет.

Во минатата година Кина ја олесни политиката на едно дете и дозволи паровите од кои еден е единец да имаат две деца. На паровите каде двата партнера се единци, од порано им беше дозволено да имаат две деца.