Само 9 отсто Британци сметаат дека брегзитот бил повеќе добар отколку лош потег

Само девет отсто од Британците сметаат дека истапувањето од членството во Европската унија било повеќе успех отколку промашување,  покажува новата анкета на YouGov.

Околу 62 отсто од испитаниците брегзитот го опишуваат како доминантно погрешен потег.

Агенцијата за истражување на јавното мнение YouGov објави дека „Bregret“ (Жалењето поради брегзитот) достигнал нови нивоа, бидејќи само 31 отсто од Британците сметаат дека одлуката на референдумот од јуни 2016 година да се напушти ЕУ била исправна одлука, што е најмалку досега. Истовремено, 56 отсто од испитаниците сметат дека тоа бил погрешен потег.

Бројот на испитаниците кои гласале за излегување од ЕУ и кои сега мислат дека тоа било погрешно се искачил на досега највисокото ниво на 22 отсто.

Меѓутоа, бројките потврдуваат доста луѓе се согласуваат со Најџел Фараж, поранешниот лидер на Независната партија (UKIP) и на партијата Бргзит и жесток поборник на напуштањето на ЕУ, кој мината седмица изјави дека британскиот начин на излегување од ЕУ како што е направен „се покажал како промашување“.

Дури и меѓу оние кои гласале за излегувањето, 37 отсто велат дека брегизтот е повеќе лоша, отколку добра работа.

Мнозинството како и Фараж за тоа ја обвинуваат владејачката Конзервативна партија, а 75 отсто сметаат дека „брегизтот имал потенцијал да се покаже како успех, но поради лошото спроведува на оваа и/или претходните влади се покажал како промашување“.

Фараж, поранешен жесток заговорник на евроскептицизмот кој по завршувањето на политичката кариера работи како телевизиски коментатор, ја обвини конзервативната влада во Лондон дека лошо го спроведувала брегзитот, откако Велика Британија на почетокот од 2020 година излезе од Европската унија.

Околу 72 отсто од Британците велат дека владата лошо се справува со брегизтот, а меѓу нив се и 63 отсто кои гласале за излегување од Унијата, според анкетата.