Само четири голови во четирите дуели во Серија А

Во последниот саботен дуел од 32-то коло на италијанското фудбалско првенство Аталанта и Интер во Бергамо одиграа без голови, а во сиромашниот ден со ист резултат заврши и средбата во Верона меѓу Киево и Торино.

Милански Интер со ова реми дојде до 60 бодови, на четвртото место, со што се изедначи со двата римски клуба Рома и Лацион кои се среќаваат во недела. Аталанта, пак, е осма со 49 бодови.

Интер беше подобрата екипа, но остана без важните бодови во трката за пласман во Лигата на шампионите поради големиот број не реализиран шанси.

Фудбалерите на Џенова остварија со голот на Беса во 28 минута минимална но многу важна победа против Кротоне, со којашто најверојатно и теоретски ги реши проблемите со опстанокот во Серија А. Џенова е моментално 11-та и сега има 38 бодови, 11 повеќе од Кротоне кој е моментално на 18-то место со 27 бодови и му претстои грчевите борба за опстанок.

Киево не успеа на домашен терен да го совлада Торино и со тоа позначително да се одвои од екипите од опасната зона, од која екипата од Верона во моментов е оддалечена три места и три бода. Торино, пак, со 46 бодови е 11-ти и е безбеден но нема ниту шанси за повисок пласман кој би осигурил европски настап.

Значајна победа во последните минути на домашен терен извојува Каљари против Удинезе од 2:1. Гостите поведоа во 10 минута со голот на Ласања, израмни Паволети во 21 минута, а целосниот пресврт го донесе Чепители во 84 минута. Со новите три бода, вкупно 32, Каљари на пет бодат се одлепи од групата тимови на кои им се заканува селење во понизок ранг, а Удинезе остана со бод повеќе и едно место погоре на табелата, на 13-та позиција.

Во недела се играат натпреварите Фиорентина – СПАЛ, Милан – Наполи, Болоња – Верона, Сасуоло – Беневенто, Јувентус – Сампдорија и Лацио – Рома.