Само четири жени меѓу министрите во новата Влада

Од 21 член на новата влада на димитар ковачевски само 4 се жени.  Славица Грковска  е вицепремиерка  за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Бисера Костадинова-Стојчевска е новата министерка за култура, Јована Тернчевска, министерка за труд и социјална политика и Славјанка Петровска е новата министерка за одбрана.

Владата на Ковачевски брои 21 член – од СДСМ 11, ДУИ шест, Алтернатива тројца и еден министер од ЛДП.

Новиот владин кабинет има еден член повеќе од досегашниот и тоа министер без ресор, место што по формирањето на новото парламентрано мнозинство и припадна на Алтернатива.

Ковачевски денеска ќе ја преземе функцијата од неговиот претходник Зоран Заев. За денеска е најавено приемопредавање на функцијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.