Само еден отсто од населението во Шведска е сиромашно

Шведска има најнизок процент на луѓе кои живеат во сериозна сиромаштија, со околу еден отсто од населението кои припаѓаат во оваа категорија, според националната статистика.

На тој начин се доаѓа до бројка од 100.000 луѓе, што е далеку помалку од просекот на Европската унија што изнесува седум отсто.

Кога се зборува за материјална сиромаштија, групата невработени е најголема, со осум отсто од нив кои живеат во сиромаштија, велат од статистика.

Живеење во сериозно материјално сиромаштво е дефинирано како да не сте во можност да си дозволите четири од девет работи кои го карактеризираат добриот квалитет на живот, како кирија, затоплување на домот, неочекувани трошоци, празници, и редовност на јадење месо или други протеини.

Во Шведска, процентот на сиромашни луѓе речиси една деценија останува околу еден процент.

Секако, има нерамномерности во однос на разликите меѓу различни демографски групи.