Само еден пријавен на огласот на СДСМ за претседателски кандидат

121

Амбасадорот Ѓорѓи Филипов е единствениот кандидат кој се пријавил на огласот на СДСМ за кандидат за претседател на државата.

Огласот завршува денес, а до партијата на Зоран Заев е стигната само една пријава.

До одржувањето на конгресот на 3-ти март и општинските организации имаат можност да предложат кандидати.

СДСМ бара четири критериуми од кандидатите – да е личност со висок општествен углед, да биде способен за извршување на високи државнички функции, да ужива доверба на членството и симпатизерите на СДСМ, како и да биде личност која на најдобар начин ќе ја оживотворува политиката на СДСМ и ќе работи на реализација на стратешките приоритети на Македонија – полноправно членство во НАТО и ЕУ, како и меѓународна афирмација и промоција на државата.

Паралелено со овој процес, течат преговорите меѓу премиерот Заев и другите партии за консензуален претседателски кандидат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.