Само партиски послушници ѝ даваат поддршка на Царовска во образовните „реформи“

Најголема реформа во образованието која се чека 30 години, ќе биде департизацијата на истото, и отстранување на партиско-паразитските, надворешните, елитистичките, неолибералните влијанија и оставање на истото на професионалци, образовани и високо интелигентни луѓе, порачува Никола Петров

Тој, како пример за сѐ погласните коментари во јавноста дека „реформите“ во образованието коишто ги најавува министерката Мила Царовска добиваат поддршка ислкучиво од кадри кои на директорски и други позиции во образованието ги поставила нејзината партија СДСМ го наведува и постот на Елена Масторидес. Според објавата, станува збор за професорка од основно училиште во скопска општина која е координаторка на оштинските форуми на жени на СДСМ.

Наспроти тоа, сѐ побројни се реакциите и критиките на плановите на Царовска, кои доаѓаат од највисоките образовни институции во земјата.