Само во август издадени речиси 250 одобренија за градење

Најмногу одобренија, 61, се издадени во  Скопскиот регион, по што следат Полошкиот со 44,  Југозападниот со 43, Источниот со 30, …

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.586.409.000, односно за 28,5 проценти помалку споредено со август минатата година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 151 (60,6 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 32 (12,9 проценти) од нискоградба,  66 (26.5 отсто) за објекти за реконструкција.

Предвидена е изградба на 276 станови со вкупна корисна површина од 27.426 метри квадратни. Најмногу станови, 131, се планирани во Скопскиот регион, 40 во Југозападен, 32 во Полошкиот, 26 во Североисточниот, …

Од планираните 249 објекти, на 158 (63,5 проценти) инвеститори се физички лица, а на 91 (36,5 проценти) деловни субјекти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.