Само во Белгија расте, иако секаде опаѓа бројот на заболени од коронавирусот

Бројот на новозаразени со ковид-19 во Белгија е зголемен за 15 отсто, зголемен е и бројот на починати, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова се последните податоци на Институтот за здравство на Белгија објавен денеска.

Помеѓу 10 и 16 септемри регистрирани се 1.847 нови случаи на ковид-19, што претставува зголемување од 15 проценти додека бројот на починати е зголемен за 29 отсто, односно шест починати дневно во истиот период.

Што се однесува до бројот на новохоспитализирани бројките се намалиле за 10 отсто во споредба со претходната недела. Интензивната нега не е преоптоварена, а бројот на пациенти на овој оддел е намален за девет проценти.

Стапката на репродукција на вирусот е под еден, што значи дека сепак епидемијата не се забрзува.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.