Само во Лисиче поради прекршоци санцкиониран 151 возач

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на Горно и Долно Лисиче изречени се вкупно 151 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 20 лица, 19 технички неисправни и нерегистрирани возила, девет прекршоци на мотоциклисти…

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.