Самоа прва влезе во 2019-та, час подоцна и Нов Зеланд

Пацифичкиот остров Самоа со огномет во главниот град Апиао во 11 часот по средноевропско време е првата територија на планетата којашто зачекори во новата 2019 година, а по еден час следеше и Нов Зеланд.

„Самоа ја дочекува Новата година со стил“, објавија властите на оваа земја со снимка од огнометот кој го следеле илјадници луѓе.

Жителите на Окленд во Нов Зеланд уживаа во традиционалниот огномет од Скај тауер.

Во 13 часот во 2018-та ќе влезат и некои области од Русија, а потоа во 14 часот и Австралија каде ќе може да се ужива во спектакуларен огномет во пристаништето над зградата на операта и мостот во Сиднеј.

Во Сиднеј се очекуваат 1,5 милион луѓе на бреговите од пристаништетот каде ќе го следат спектакуларниот огномет. Организаторите наведуваат дека ова ќе биде најголемата прослава досега и оти 12-те минути огномет ќе чинат шест милиони австралиски долари.

Во Јапонија ѕвоната на будистичките храмови ќе се огласат 108 пати – што го претставува бројот на земските искушенија која едено лице мора да го надвладее за постигнување на нирвата – за да ја испратат старата и да ја дочекаат новата година. Лепливите колачиња од ориз се назаобиколен дел од прослвата во оваа земја, но претставуваат опасност и секоја година се регистрираат сличаи на задушување.

Десетици илјади луѓе се очекуваат во шкотски Единбург, а влезниците за лондонскиот огномент, најголемиот во Европа, одамна се распродадени. Најголемата новогодишна прослава во Германија ќе се одржи во Берлин, кај Бранденбуршката капија со настапот на Игл Еј Чери и Бони Тајлер, како и со ласерско шоу и огномет на полноќ.

Во Њујорк со големи мерки на безбедност се очекуваат до два милиона луѓе на Тајм Сквер, а одбројувањето и спуштањето на кристалната топка. Единаесет новинари ќе го притиснат копчето и да го активираат тргнувањето на топката во последните секунди од 2018-та, со што ќе се одбележи страдањето на новинарите и нарушените новинарски слободи во земјата и во светот.

За големи прослави се подготвуваат и Лос Анџелес и Хонолулу, а во Латинска Америка, Буенос Аирес и во Рио де Жанеиро ќе бидат местата на најлудите новогодишни прослави.

Во 2019 година последни, пак, ќе влезат жителите на Француска Полинезија и Американска Самоа, цел ден после Самоа, иако ги делат само 80 километри.