Самоиловска Цветанова: Ваква политичка предавничка гарнитура која е на заминување, ниту имала ниту ќе има во Македонија

Зошто се посега по јазикот, е затоа што јазикот е народот. Јазикот е најзначајната одредница на културниот идентитет на еден народ. И кога вие негирате еден јазик, го негирате постоењето на еден народ, вели Ганка Самоиловска Цветанова, екс министерката за култура од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата “Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија.

-На актуелната политичка гарнитура да и се постави прашањето зошто дозволија да разговараме за ваков апсурд. Бидејќи не станува збор за спор. Ова е апсурд за кој воопшто не треба да се разговара. Во 2009 и 2011 година договорите за меѓусебна соработка помеѓу нашиот Универзитет “Свети Кирил и Методиј” и Софискиот универзитет се потпишани и во договорите стои на македонски и бугарски јазик. За да ние сега стигнеме во ситуација да потпишуваме договори на официјалниот јазик на државата. Значи ние си ги поткопавме позициите кои ги имавме стеканто со години, рече Самоиловска Цветанова.

Околу тоа дека ако Заев победи на изборите ќе ги спроведе сите договори до крај, Самоиловска Цветанова верува дека ако така се случи СДСМ ќе излезе во пресрет на сите барања од соседите.

-Но, доколку народот на 15-ти јули не им даде втора шанса, нема тоа да се случи. Во таа смисла затоа сите треба да бидеме многу одговорни, во интерес на сочувување на националните и државните интереси. Гледаме сега владеачката гарнитура како ги убедува граѓаните дека македонското прашање е затворено и за тоа нема што повеќе да се дискутира, а од бугарската страна молк. Молкот е многу индикативен. Тоа е за да не им го срушат и онака слабиот рејтинг на СДСМ. Бидејќи оваа гарнитура им одговара на Бугарите, за да продолжат да владеат со Македонија.Ваква политичка предавничка гарнитура на СДСМ, ниту имала ниту ќе има Македонија, децидна е Самоиловска Цветанова.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.