Самоназначувањето на Заев за министер за финансии ја нарушува независноста на Буџетот

Со самоназначувањето на должноста министер за финансии, премиерот Зоран Заев влезе во опасна игра од која на крајот губитниците ќе бидат само граѓаните, предупредуваат во понеделникот од Комисијата за економија на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Имено, според Комисијата, со ова Заев ја нарушува независноста на буџетската каса и ја става во опасност ликвидноста на државата и интересите на сите граѓани кои го полнат Буџетот за сметка на своите лични и бизнис интереси.

Предупредуваме дека во иднина ќе се зголеми расипничкото трошење на Заев со цел да прикаже во јавноста дека економијата тргнала напред со него што де факто ќе го зголеми буџетскиот дефицит и јавниот долг, а зад оваа операција всушност ќе бидат прикриени неговите мегаломански и лукративни цели да го зголеми своето лично богатство и богатството на луѓето блиски до него. Дополнително, предупредуваме дека Зеав ќе го искористи овој период и позиција како Министер за финансии да одобри согласност за вработување на своите партиски војници кои ќе треба да одработуваат на следните избори за него. Со еден збор, Заев во следниот период ќе оди на стратегијата “ол ин” во економијата, како што тоа го направи со меѓународната политика. Ако таму ги продаде државните интереси, сега следи операција на масовен грабеж на државните пари и парите на македонските граѓани, велат од Комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.