Самоопределување го предложило Курти за мандатар на новата косовска Влада

Движењето Самоопределување, партијата која освои најмногу гласови на октомвриските избори на Косово, денеска го предложи лидерот на партијата Албин Курти за мандатар за формирање на новата Влада.

Факсимилот од документот го објави приштинската телевизија Клан Косова.

Предлогот за мандатар Самоопределување го доставило до претседателот Хашим Тачи, по неколкуте негови повици или да предложат мандатар или да го информираат дека се откажуваат од таа позиција.

Приштинскиот весник „Газете Експрес“ пишува дека предлогот Курти да биде мандатар му се доставува на Тачи.

Движењето  Самоопределување на Курти нема мнозинство во парламентот за да може самостојно да формира влада, а засега нема ниту информации дека повеќемесечните преговори со второпласираниот Демократски сојуз на Косово, дадоа некаков резултат за постизборна коалиција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.