Самостојниот синдикат за здравство ги осудува нападите врз докторите

14

Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита денеска преку соопштение ги осуди нападите на докторите, медицинските сестри и другите вработени во здравствените установи. Бараат од надлежните поголема заштита и заострување на казнената политика на секој оној што ќе се обиде вербално или физички да нападне вработен во здравствена установа.

–  Најостро ги осудуваме нападите на докторите, медицинските сестри и останатите вработени во здравствените установи што деновиве зачести и по Клиничката болница во Тетово, имаме нов немил настан во Универзитетската клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски“ – Скопје, се вели во соопштението.

Вработените во здравствените установи, како што се наведува, извршуваат една од најхуманите професии, спасувајќи човечки животи и никако не смееме да дозволиме нивните животи да бидат изложени на опасност.

Од Синдикатот напоменуваат дека напад на вработен во здравствена установа е напад на службено лице, единствено овластено за вршење здравствена дејност. Бараат од надлежните поголема заштита и заострување на казнената политика на секој оној што ќе се обиде вербално или физички да нападне вработен во здравствена установа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.