Самоубиствен бран се движи кон „западниот свет“, рече Орбан на инаугурацијата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска на својата инаугурација го осуди „самоубиството“ на Западот и ја повтори својата „црвена линија“ за санкциите против Русија, пишува Данас.

– Самоубиствен бран се движи кон „западниот свет“, кој експериментира со голема програма за размена – рече Орбан, мислејќи на теоријата на заговор популаризирана од екстремната десница, според која елитите организираат замена на европското население со не-Европски имигранти.

– Оваа програма сака да ги замени христијанските деца кои се на пат да исчезнат со мигранти од други цивилизации и на ист начин гледам на лудило на теориите од тој тип – додаде тој.

Орбан, чија партија извојува убедлива победа на парламентарните избори на почетокот на април, претходно положи заклетва по четврти последователен мандат, откако беше реизбран со 133 гласа од вкупно 199 во парламентот.

Тој ја претстави Унгарија како „пристаниште на здравиот разум“ каде што „Божјиот благослов е важен“ и заедно со Полска како последно упориште на конзервативниот христијански Запад, додека, како што рече, „ЕУ крева раце“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.