Самоубиствен напад врз полициска станица во Турција

Еден полицаец загинал, а уште еден е ранет во нападот кој доцна ноќта во понеделникот бил изведен врз полициска станица во регионот Мезитли во покраината Мерсин, изјави во вторникот турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

Нападот се случил околу 23 часот по локално време, која бил изведен напад од повеќе лица врз полициската станица. Меѓу напаѓачите и полицајците започнала престрелка во кој настрадале двајца припадници на турските безбедносни сили, од кои еден подоцна починал.

По престрелката напаѓачите активирале експлозивна направ поставена во еден од автомобилите со кои пристигнале. Точниот број на напаѓачите, а еден од нив бил уапсен. Според медиумите, подоцна во близина на полициската станица била пронајдена торба со експлозивна направа која била деактивирана.

Според други извори, напаѓачите откако отвориле оган од автоматско оружје, ги активирале елеците со експлозив. Станува збор, според истиот извор, за две жени кои загинале во експлозијата.

Одговорноста за нападот, според министерот Сојлу, паѓа на Работничката партија на Курдистан (PKK), која од 1984 година покрена вооружен бунт против турската држава во кој досега загинаа повеќе од 40.000 луѓе. Турција, САД и ЕУ курдската организација ја сметаат за терористичка организација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.