Поранешниот сопруг на познатата актерка Елизабет Харли и татко на нејзиното дете, филмскиот продуцент Стив Бинг, скокнал од 27-ми спрат од зграда во населбата Сенчури Сити и бил прогласен за мртов на местото на несреќата.
Извор близок до Бинг тврди дека неодамна му била дијагностицирана депресија предизвикана од самоизолацијата за време на пандемијата на коронавирусот, што е причина и за несреќниот настан.
Освен по своите филмски достигнувања, Стив Бинг во јавноста беше познат и по своите турбулентни љубовни врски со многу познати дами како Ума Турман, Никол Кидман и други. Во 2002 година со актерката Елизабет Харли го доби синот Демијан.
Стив продуцираше разни филмски хитови како што се “Polar Express” и “Kangaroo Jack”, а неговото богатство се проценува на повеќе стотина милиони долари.