Самоубиство во Тетово, си пукал во главата

(c) Caro Fotoagentur / Therese Aufschlage

-Самоубиството се случило во просторија на катот, а застрелан го пронашле најблиските и со знаци на живот го пренесле кон тетовската клиничка болница.Но, на пат за болница им подлегнал на задобиените повреди, информираат од СВР Тетово.

Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле комплетен увид, пронајден е пиштолот „ЦЗ-М57“, калибар 7, 62 милиметри од кој најверојатно е пукано, како и други траги кои ќе се вештачат, а по наредба на јавниот обвинител врз безживотното тело на Џ.Д. ќе се изврши обдукција.

Од СВР Тетово информираат дека се расветлуваат мотивот, околностите и се друго поврзано со овој случај.