Самоубиство во врвот на кинеската армија

Обвинет дека земал мито, еден од највисоките функционери на кинеската армија, генералот Жанг Јанг, извршил самоубиство што претставува реткост меѓу челниците во оваа земја откако во 2012 година започна кампањата за сузбивање на корупцијата од страна на претседателот Кси Џинпинг.

Генералот Жанг Јанг, член на Централната воена комисија, се обесил во својот дом на 23-ти ноември, објави во вторникот кинеското министерство за одбрана во соопштение.

Жанг кон крајот на август беше цел на истрага поради корупција, а беше доведен во поврзаност и со другите бројни високи функционери кои беа сменети од истата причина, открива истиот извор.

„Докажано е дека Жанг Јунг тешко ги прекрши дисциплината и законот. Осомничен е дека исплаќал и примал мито, а не можеше да го објасни потеклото на многу скапиот имот“, истакнува министерството.

Генералот Жанг беше една од последните цели во антикорупциската кампања на претседателот Кси. Во рамките на оваа операција веќе се казнети 1,5 милиони функционери и пониски службеници на владејачката Кинеска комунистичка партија во текот на изминатите пет години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.