Група професори од скопското средно уметничко училиште „Лазар Личеноски“ се жалат дека в.д директорот Филип Фидановски вовел настава со физичко присуство во момент кога петнаесетина професори се заболени од Covid-19.
Во соопштението испратено до медиумите и потпишано од дваесет професори се истакнува дека директорот вовел осумчасовно работно време со физичко присуство во момент кога голем дел од вработените се позитивни на вирусот или се наоѓаат во самоизолација.
„Сакаме да ја известиме јавноста дека в.д директорот Фидановски во овие услови на пандемија со над 50 починати дневно и забрана за групирање на повеќе од 4 лица воведе осумчасовно работно време и повторно воведе настава со физичко присуство. Сето ова во услови кога има заболени 15 професори“, се наведува во оопштението.
Од средното уметничко училиште информираат дека сите професори кои се потпишале во соопштението од петокот не се појавиле на своите работни места. Став побаравме и од директорот, но тој не сакаше да разговара со нас
За оваа ситуација писмено реагирал и Советот на родители, но в.д директорот не сакал да ја стави оваа точка на дневен ред.