Сампдорија испушти победа во судиското продолжение

Serie A soccer match between AC Monza and UC Sampdoria at U-Power Stadium in Monza, Italy, 6 February 2023. ANSA / ROBERTO BREGANI

Фудбалерите на Сампдорија испуштија важни бодови во борбата за опстанок, откако во деветтата минута од судиското продолжение од натпреварот од пенал на 2:2 израмни домашната Монца, во дуелот од 21-то коло на италијанското првенство.

Сампдорија двапати беше во водство и само секунди ја делија од важната победа, но не издржа. Гостите од Џенова поведоа во 12 минута со голот на Маноло Габиадини. Монца израмни во 32 минута, а стрелец беше Андреа Петања. Габиадини во 58 минута со својот втор гол на мечот повторно ги доведе гостите во водство и кога се чинеше дека Сампдорија ќе дојде до третата победа сезонава, Никола Мури длабоко во продолжението го собори Петања. Судијата не се двоумеше, а потврда доби и од ВАР-от, а најстрогата казна ја реализираше Метео Песина.

Монца ја задржа 10-та позиција на табелата со 26 бодови, а Сампдорија остана претпоследна 19-та со 10 бодови, осум помалку од зоната на опстанок. Послаб е само Кремонезе кој нема ниедна победа сезонава и собра само 8 бодови.

Претходно во понеделникот Верона ремизираше дома со Лацио со резултат 1:1. Гостите поведоа во 45 минута со голот Педро, а домашните израмнија во 51 минута преку Сирил Нгонге,

Лацио го држи последното место кое води во Лигата на шампионите сега е четврти со 39 бодови, бод повеќе од петтата Аталанта и шестиот Милан. Верона е на 18-то место со 14 водови, четири помалку од првото место на табелата кое гарантира опстанок а го држи Специја.

Во водство е Наполи со 56 бодови, 13 повеќе од второпласираниот Интер, а 16 повеќе од третата Рома.

Колото во вторник го заокружува дуелот Салернитана – Јувентус.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.