Сампдорија подобра во дербито на Џенова

Sampdorias French forward Gregoire Defrel (right) celebrates with his teammate Italian defender Nicola Murru after scoring a goal during the Italian Serie A soccer match Uc Sampdoria vs Genoa Cfc at Luigi Ferraris Stadium in Genoa, Italy, 14 April 2019. ANSA/SIMONE ARVEDA

Фудбалерите на Сампдорија во џеновското дерби во рамките на 32-то коло на италијанското првенство со 2:0 (1:0) ја совладаа Џенова на Горан Пандев, со што го задржаа приклучокот во борбнта за пласман во европските купови следната сезона.

Стрелци за победата на Сампдорија беа Дефрел во 3 и Кваљарела во 53 минута од пенал. Деветтата Сампдорија сега има 48 бодови, два помалку од седмиот Торино, а еден помалку со меч повече од осмото Лацио. Џенова е 15-та со 34 бодови.

Претходно Торино на домашен терен киксираше против Калјари одира 1:1 (0:0). Домашните во водство ги доведе Заза во 52 минута, а го израмни Паволети во 75 минута, па Калјари со 37 бодови го држи 12-то место.

Без победник и без голови завршија дуелите Фиорентина – Болоња и Сасуоло – Парма. Фиорентина е 10-та со 40 бодови, Болоња е на последното место кое обезбедува опстанок во Серија А на 17-то со 31 бод, Сасуоло е 11-ти со 37 бодови а Парма е 14-та со 35 бодови.

Подоцна во недела играат Киево – Наполи и Фросиноне – Интер, а во понеделник Аталанта – Емполи.