Сампдорија поразена но 36-годишниот Кваљарела повторно стрелец, Торино ја компликува борбата за ЛШ

ANSA/SIMONE ARVEDA

Во 34-то коло од фудбалското првенство на Италија, екипата на Сампдорија дома беше поразена од Лацио со 1:2 во неделата со играч помалку во второто полувреме, но домашните навивачи се радуваа на 23-от првенствен гол на ветеранот, 36-годишниот Фабио Кваљарела.

Двата гола за Лацио ги постигна Фелипе Каиседо во 3 и 19 минута, а Кваљарела погоди во 57 минута. Лацио сега е осми на табелата со 55 бодови, бод помалку од Аталанта која е петта а има меч помалку кој ќе го игра во понеделник кога ќе му биде домаќин на Удинезе, од шестото Торино на последното место кое води во Европската лига, и од седмиот Милан. Сампдорија пак остана 9-те со 48 бодови.

Кваљарела со денешниот погодок дојде до 23 гола, а има и 8 асистенции, Сппоред бројот на постигнатите голови зад него се Дуван Запата од Аталанта си 21 и Кристијано Роналдо од Јувентус со 20 голови.

Наполи очекувано лесно мина на гостинскиот дуел кај Фросиноне и славеше со 2:0, со головите на Дрис Мертенс во 20 и Амин Јунес во 50 минута. Наполи одамна ја загуби трката за титулата, но е сигурен на втората позиција со 70 бодови, 18 помалку од водечкиот Јувентус а 8 повечќе од третиот Интер. Фросиноне е претпоследен 19-ти со 23 бодови и следната сезона ќе се натпреварува во Серија Б.

Киево, кое исто така го загуби прволигашкиот статус многу одамна со голот на Рикардо Мециорини во 67 минута ѝ откина бод на гостинската Парма која дојде во водство во 39 минута со погодокот на Јурај Куцка. Киево е последно со само 15 бодови, сезоната ја стартуваше со казна од минус три бода, а Парма е 15-та со 37 бодови.

Со резултат 1:1 ремизираа и СПАЛ и Џенова. За домашните водечкиот погодок го постигна Фелипе, а за гостите израмни Џанлука Лападула во 57 минута. СПАЛ е 12-ти со 39 бодови, а Џенова е 16-та со 35 бодови, шест повеќе од 18-то Емполи на местото кое води во плеј-оф за опстанок.

Во последниот неделен натпревар Торино пред своите навивачи во второто полувреме го скрши Милан. Стрелци во победата од 2:0 беа Андреа Белоти во 59 минута од пенал и Алекс Беренгуер во 70 минута. Со оваа победа Торино бодовно се израмни со Милан но поради подобрата гол-разлика го мина на табелата.

Оваа победа на Торино ја компликува борбата за четвртокот место кое води во Лигата на шампионите, бодејќи четвртата Рома со 58 бодови сега е на само два бода пред Аталанта, Торино и Милан, а три пред Лацио.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.