Сампдорија со пресврт подобра од СПАЛ

Во последниот натпревар од седмото коло на италијанската фудбалска лига Сампдорија пред своите навивачи во Џенова го совлада СПАЛ од Ферара со 2:1.

Гостите поведоа во 21 минута преку Палоши, но веќе по четири минути домашните израмнија со погодокот на Линети. Целосен пресврт и три бода за домашните донесе Дефрел со голот во 60 минута.

Сампдорија сега е на седмата позиција на табелата со 11 бодови, додека СПАЛ остана 13-ти со девет освоени бодови.

На чело на Серија А е бранителот на скудетото Јувентис со максималните 21 бод, пред Наполи кој има 15 бодови.