Шампионот го декласираше „Хјустон“ за 16 победа во низа дома во плеј офот

Кошаркарите на „Голден стејт“ го декласираа „Хјустон“ со 126:85 во третиот натпревар од финалето на доигрувањето на Западната конференција и поведе со 2:1.

Актуелниот шампион вчера играше во Оукленд и постигна 16-та победа во низа на домашен терен во плејофот со што го урнаа рекордот на „Чикаго Булс“ од април 1990 до мај 1991 година.

„Хјустон“ беше рамноправен противник само 10 минути, но по водството од 20:22 во првата четвртина, „Голден стејт“ со серија од 11:0 го освои првиот период со 31:22. Во втората четвртина гостите одиграа подобро, но „Вориорси“ ја добија со 23:21 за 54:43 на полувреме.

Во третата четвртина се разигра капитенот Стеф Кари, кој одигра најдобар натпревар откако се врати по повредата во плеј офот и постигна 25 од вкупните 35 поени. Предноста постојано растеше и последниот период го доби со 38:18 за конечни 126:85.

Кај домаќините освен Кари стандардно добар беш Кевин Дурент со 25 поени и по 6 скока и асистенции, а Дрејмонд Грин постигна 10 поени и 17 скока.

Кај „Хјустон“ Џејмс Харден постигна 20 поени, 5 скока и 9 асистенции, а Крис Пол застана на 13 поени и 10 скока.