Сампрас го прогласи Ѓоковиќ најдобар тенисер на сите времиња

Кога станува збор за дискусиите кој е најдобриот тенисер на сите времиња, легендарниот Американец Пит Сампрас смета дека тоа е Србинот Новак Ѓоковиќ.

Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал се израмнети според бројот на освоените Грен-слем турнири, сите тројца имаат по 20. Но Ѓоковиќ неодамна обезбеди дека седмата година да ја заврши како моментално водечки тенисер во светот. Досега во тој сегмент беше израмнет со својот идол од детството Пит Сампрас, кој шест пати сезоната ја завршил на врвот на листата.

„Оној што седум пати ќе заврши како број еден сега веројатно му изгледа како бонус за сите Грен-слем титули. Но, мислам дека тоа повеќе ќе се цени кога ќе биде постар. Тој тоа го оствари во времето кога ривали му се двајца великани Федерер и Надал, а и со новите генерации играчи одлично се носи“, изјави Сампрас за интернет порталот на ATP Tour.

„Она што Ѓоковиќ го направи во последните десет години, а освојуваше Грен-слемови, беше доследен, седум пати ја заврши годината на број еден, тоа за мене е јасен знак тој е најголемиот на сите времиња. Мислам дека повеќе нема да видете некој седум пати да ја заврши сезоната како прв тенисер на светот“, вели Сампрас, кој се повлече од терените во 2002 година со освоени 14 Грен-слем турнири.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.