Самсоненко: Бев сигурен дека ќе победиме, очекувам одбрана на титулата

Бев сигурен дека ќе победиме зашто играчите беа со солзи во очите уште пред пред натпреварот, изјави по слетувањето на скопскиот аеродром, сопственикот на новиот европски ракометен шампион Вардар, Сергеј Самсоненко.

Рече дека на ракометарите им рекол да ги слушаат навивачите, па затоа и по натпреварот тие заедно со нив на трибините ја прославија победата.

„Изненадени сме, многу добар пречек на сите и од тоа сите се среќни“, посочи Самсоненко, дополнувајќи дека му е мило што целата држава е среќна за овој успех, бидејќи како што рече, овој успех е на сите нас.

За следната сезона сопственикот на Вардар вели дека по подготовките коишто играчите ќе ги имаат во текот на летото, очекува следната сезона екипата да го повтори успехот и да ја одбрани европската шампионска титула.