Самсоненко донесе ново супер засилување во Вардар!

Шпанскиот ракометен репрезентативец Хорхе Македа (26), во јануари следната година, ќе го засили тимот на Вардар. Македа со ‘црвено-црниот’ тим потпишал две ипол годишен договор.

Шпанецот, во моментов е играч на француски Нант, има огромно интернационално искуство. Тој со Шпанија има освоено злато на Мундијалот во 2013 година и бронзи на СП во 2011 и ЕП во 2014.

Македа е третиот Шпанец кој ќе игра за Врадар, во тимот веќе се неговите репрезентативни колеги Алекс Душебаев и Арпад Штербик.