Самсоненко: ФК Вардар континуирано да биде дел од групната фаза во ЛШ

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, денеска и официјално, познатиот руски бизнисмен, Сергеј Самосненко, го претстави како нов сопственик на најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, Вардар.

Првиот човек на РК Вардар и на ЖРК Вардар прво им се заблагодари да досегашните раководители на ФК Вардар и откри дека има повеќе зацртани цели, а една од нив е “црвено-црните” да бидат дел од групната фаза во Лигата на шампиони.

„Прво да им се заблагодарам на досегашните раководители на ФК Вардар. За време на преговорите кои ги водев со истите сватив дека со огромна љубов го воделе овој клуб, без никаква желба за профит и со еднинствена цел, клубот да го изведад на вистинскиот пат. Мојата цел е Вардар не само еднаш, континуирано да биде дел од групната фаза во Лигата на шампиони. Сепак, сега имам друг приоритет, сакаме прво да ја освоиме шампионската титула во националниот шампионат и за време на летната пауза, што е можно подбро да се подготвиме за успешен настап на европската сцена”, изјави Самсоненко.

Новиот сопственик на ФК Вардар ја демантираше пласираната шпекулација дека е можно Вардар во иднина да настапува на нов стадион кој ќе биде изграден во скопската општина Аеродром.

„Јас прв пат слушам дека нешто се гради во Аеродром. Ние бараме земјиште на кое треба да се изгради тренинг комплекс со две до пет тренинг игралишта и една зграда со соблекувални и простории за тимот. Вардар има потреба од такво нешто. Не е точно дека ќе се гради нов стадион, Вардар веќе има прекрасен стадион”, изјави Самсоненко.