Сан Антонио и Оклахома во доигрувањето на НБА лигата

Екипите на Сан Антонио Спарс и Оклахома Сити Тендерс по синоќешните дуели си обезбедија учество во плеј-офот.на најсилната лига на светот.

Сакраменто Кингс беа поразени од Хјустон Рокетс со 108:119, отпаднаа од битката за пласман во елиминациската фаза. Така, последните осум учесници од Западната конференција веќе се дефинитивно познати.

Сан Антонио се квалификуваше за плејофот во 22 последователни сезони, повторувајќи го рекордот на НБА, кој му припаѓа на Филаделфија 76ерс. Спарс не го пропуштиле доигрувањето од 1997 година.

Резултати од синоќешните дуели:
Клиперс – Кливленд 132: 108
Хјустон – Сакраменто 119: 108
Бруклин – Бостон 110: 96
Детроит – Портланд 99:90
Индијана – Орландо 116: 121
Њујорк – Мајами 92: 100
Чикаго – Торонто 101: 124
Минесота – Филаделфија 109: 118
Феникс – Мемфис 115: 120.