
Шпанскиот пилот во класата Формула 1, Карлос Сајнц е победнија трката за Големата награда на Сингапур, оај е 15-та во годинештното првенство.
За возачот на тимот на Ферери ова е втората победа во кариерата, откако првпа славеше минатата година во англиски Силверстоун.
Шпанецот со овој триумф ја прекина рекордната низа од 10 последотателни победи на Макс Верстапен, актуелен шампион и моментално водечки во генералниот пласман. Возачот на Ферари, исто врамено, ја прекина долгата серија победи на болидите на Ред Бул и обидот сезоната да ја заврши без пораз.
Сајнц стартуваше во трката од првата позиција и на крајот победи со 0,8 секунди предност пред Британиецот Ландо Норис од Мекларен, а трет беше Британецот Луси Хамилтон од Мерцедес со заостанување од 1,2 секунди.
Четвртата позиција ја зазема вториот возач на Ферари, Шарл Леклер од Монако, додека Верстапен откако старуваше од 11-та позиција стаса до петтото место.
„Ова е неверојатно чувство, неверојатен викенд. Сакам да им се заблагодарам на сите во Фереари на овој пресврт по тешкиот почеток на сеозанта, дома носиме победа за која сум сигурен дела ќе ги израдува сите Италијанци. Днеска сѐ функционираше совршено“, изјаив 29-годишниот Шпанце, син на Карлос Сајнц постариот, двократен светски шампиони во рели трки.
Во генералниот пласман води Верстапен со 374 бодови, а втор е неговиот клупски колега Мексиканецот Серхио Перез со 223 бодови, додека на третото место е Хамилтон со 180 бодови.
По 14 победи во исто толку трки сезинава, Ред Нил на патеката „Марина Беј“ го доживеа првиот пораз, но и натаму има убедлово води во генералниот пласман со 597 бодови, пред Мерцедес со 289 и Ферари со 265 бодови.
Следната трка ќе се вози во Јапонија на патеката „Сузука“ за една седмица.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.