Санадер осуден на две и пол години затвор

Поранешниот хрватски премиер и претседател на ХДЗ, Иво Санадер денеска беше осуден на 2,5 години затвор поради воено профитерство.

Од 1994 година до 1995 година, за време на војната, во услови на висока инфлација Владата тешко наоѓаше банка за задолжување. Санадер како преговарач со „Хипо“ Банка за купување на зграда на амбасада, наместо во интерес на Хрватска, а во намера прибави за себе имотна корист, договорил банката како противуслуга да му исплати пет отсто од договорениот заем од седум милиони шилинзи кои му ги исплатила на 4 јануари 1995 година, рече судијата Јасна Галешиќ.

 

Според зборовите на судијата, Санадер ја искористил својота положба и ги извршил делата злоупотреба на службената положба и воено профитерство. Осуден е на две години и шест месеци затвор, а времето кое го поминал во притвор ќе биде пресметано во казната. Исто така, Санадер мора да врати 3,6 милиони куни (околу 486.000 евра) во буџетот на Хрватска.

Оваа пресуда има преседанско значење бидејчи станува збор за прва пресуда за воено профитерсво, рекла Галешиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.