Шанахан се повлекува, не е веќе кандидат за челник на Пентагон

Привремениот американски министер за одбрана Патрик Шанахан нема да биде прв човек на американските вооружени сили, објави во вторникот претседателот Доналд Трамп со што се создава неизвесност околу водството на Пентагон во моментите на зголемените тензии со Иран.

Одлуката е донесена по написите за насилство во семесјтвото на Патрик Шанахан од пред девет години. Весникот The Washington Post објави дека неговиот син ја удрил својата мајка а негова поранешна сопруга со бејзбол палка и ја оставил онесвестена во крв, додека весникот USA Today објави дека и Шанахан и неговата поранешна сопруга меѓусебно се удирале. Наводните инциденти со семејно насиство се појавија откако американското Федерално биро за истраги (FBI) правело проверки во пресрет на сослушувањето на Шанахан во Сенатот.

Претседателот Доналд Трамп рече дека новиот вршител на должноста министер за одбрана ќе стане секретарот на копнените војски Марск Еспер. Тој е ценет во Пентагон и се сметаше за водечки кандидат за позицијата доколку Сенатот не го потврди именувањето на Шанахан.

Одлуката е донесена поради желбата на Шанахан да минува повеќе време со своето семејство, рече Трамп и додаде дека поради тоа ќе биде продолжен и онака најдолгиот период без потврден министер на одбраната. Шанахан најдолго во американската историја беше само вршител на должноста министер за одбрана, наведуваат од Пентагон.

Критичарите веќе ги поставуваа прашањата дали Шанахан, без да биде потврден од Сенатот, има моќ да му се спротистави на Трамп доколку има ралично мислење за воената стратегија, имајќи предвид дека неговата кандидатура можеше да биде повлечена во секој момент.
Поранешниот извршен директор на „Boeing“ немаше искуство по прашањата од националната безбедбност, откако тогашниот министер за одрбана Џим Матис го именуваше за свој заменик. Шанахан стана вршител на должноста откако Матис отстапи од министерската должноста кон крајот на 2018 година, поради несогласувањата со претседателот Трамп за повлекување на американските војници од Сирија.