Санчез и Тора го договорија почетокот на преговорите за поголема автономија на Каталонија

Шпанскиот премиер Педро Санчез, првпат по една година, се сретна со каталонскиот лидер Ким Тора за да ги договорат преговорите, што ќе почнат подоцна во текот на овој месец.

Со планот се сака да се адресира барањето за независност на Каталонија и да се подобрат односите откако во 2017 година Каталонците се обидоа да се отцепат од Шпанија. Ќе се разговара за околу 44 веќе утврдени точки, од оданочувањето до децентрализацијата, но не и за правото на самоопределување.

-Изминатата деценија беше жална. Никој не победи и сите загубивме, рече Санчез по средбата во Барселона.

„Шпанската Влада предлага нов почеток“, изјави социјалистичкиот премиер пред новинарите по средбата.

Разговорите меѓу Мадрид и каталонската Влада беа услов од левичарските сепаратисти од партијата Esquerra Republicana de Catalunya (ERC) за минатиот месец тие да бидат клучни за потврдата на Санчез како премиер, по неколкуте месеци на политички застој.

Сецеонистичкото движење во овој богат североисточен регион  во 2017 година ја почна најголемата политичка криза во Шпанија во последните неколку децении. Каталонија тогаш унилатерално прогласи независност по референдумот, што судот го прогласи за илегален.

Во нацртите на преговорите што следат владата на санчез се согласи да го разгледа каталонското барање за поголема фискална  автономија, вети зголемени инвестиции во каталонската инфраструктура и дека ќе ги проучи начините за измена на регионалниот систем за јавно финансирање.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.