Санчез најави дијалог со владата на Каталонија

51

Шпанскиот премиер Педро Санчез, кому му е неопходна поддршката од најголемата партија која се залага за независност на Каталонија за да го добие новиот мандат, изјави во саботата дека ќе поведе дијалог меѓу централната влада во Мадрид и регионалната влада во Барцелона, но дека нема да има референдум за независност.

„Шпанија нема да биде растурена, нема да биде разбиен системот. Ќе биде разбиена политичката блокада која трае во земјата“, изјави Санчез во обраќањето пред парламентот каде во недела ќе биде одржан првиот круг од гласањето за неговата влада.

Шпанската социјалистичка работничка партија (PSOE), на премиерот Педро Санчез, освои најмногу гласови на изборите во ноември, но недоволно за самостојно да формира влада. Социјалистите добија 120 мандати во 350-члениот парламент, што е далеку од неопходните 176 гласа за изгласување влада. Потоа ја договорија колаициската влада со левичарската групација Заедно можеме (Unidas Podemos), но ниту со тоа не може да дојде до потребниот број гласови. Поради тоа, неопходно е во вториот круг, кога е доволно само повеќе пратеници да се изјаснат „за“ отколку „против“, без разлика колку од нив ќе гласаат, да се воздржат од гласање 13-те пратеници на сепаратистичката Каталонска републиканска левица (ERC).

ERC e најголемата партија која ја заговара независноста на Каталонија, а нејзиниот лидер Ориол Жункеарас во октомври беше осуден на 13 години затвор за организирање на референдумот за наезависност од 1-ви октомври 2017 година, кој го забрани Уставниот суд во Мадрид.

Санчез минатата седмица постигна договор со ERC, што предизвика остри осуди од десницата. Шпанските споцијалисти и каталонските левичари соопштија дека овој договор ќе биде основа за разговори во следните месеци на кои ќе се разговара за темите поврзани со Каталонија, која е индустриски и туристички двигател на шпанската економија со 19 отсто од БДП-то на земјата.

„Потребно е да се започне политички дијалог во моментот кога нашите патишта се раздвоија, а аргументите престанаа да се слушаат. Потребно е да се оди по политичкиот пат и позади да се остави судскиот пат во овој судир. Немаме друг пат освен оној кој се одвива во рамките на законот. Секогаш во рамките на уставот“, изјави Санчез кој на премиерската позиција дојде летото 2018 година.

Владата на Санчез има реални шанси на второто гласање во вторник да ја добие поддршката во парламентот поради воздржаноста на ERC од гласање. Тоа би била прва коалициска влада на национално ниво во Шпнаија во последните четири децени по воведувањето на демократијата кога е успвен сегашниот уставо во 1978 година по падот на диктатурата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.