Санчез се олабави и најави светска титула

Охрабрен од историскиот успех, пласман во 1/8 финалната рунда и елиминација на актуелниот бранител на тронот, селекцијата на Шпанија, репрезентативецот на Чиле, Алексис Санчез по натпреварот кој беше одигра на фудбалскиот храм “Маракана” изјави дека неговиот тим го има се тоа што е потребно за да биде крунисан за нов светски шампион.

“Го имаме тој победнички менталитет, имаме шампионски менталитет. Така функционира репрезентацијата на Чиле и јас сум убеден дека благодарение на таквиот менталитет, мојата репрезентација може да обезбеди пласман во финалниот натпревар. Јас уште кога бев дете, сонував како ја освојувам светската титула. Никој не смее да заборави дека ниту една друга репрезентација, во последните шест години нема постигнато повеќе од репрезентацијата на Шпанија. Овој успех мора да се цени, да се почитува”, изјави крилниот напаѓач на Барселона, Алексис Санчез.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.