Сандалите на Стив Џобс продадени за над 200.000 долари

Сандалите од брендот „Birkenstock“, кои починатиот американски претприемач и основач на технолошкиот гигант „Apple“, Стив Џобс, во 1970-те и 1980-те години продадени се на наддавање за повеќе од 200.000 долари, речиси трипати повеќе од очекуваното, објави аукциската куќа Julien’s Auctions.

Како што извести во понеделникот аукциската куќа, сандалите биле продадени за вкупно 218.700 долари со процена на претпродажбата од 60 до 80 илјади долари. Заедно со сандалите продадени се и чевлите на Џобс во форма на токен NFT.

Се наведува дека Џобс ги носел овие сандали во клучниот период за формирањето на „Apple“, кога во 1976 година заедно со соосновачот Стив Возниак, започнал да го развива компјутерот на „Apple“ во гражата во Лос Алтос во Калифорнија.

Како што објави Julien’s Auction, сандалите биле „спасени од корпата за отпадоци“ од страна на Марк Шеф, домарот на Џобс.

Аукциската куќа додава дека сандалите се во добра состојба и покрај тоа што биле износени. Отпечатокот од ногата на Џобс останал на обувките, кој се формирал со долгогодишното носење, а истрошени се и гумените ѓонови на обувките.

Сандалите  (1955-2011) изминатите пет години беа веќе изложувани на неколку поставки и аукции во Италија, Германија и САД.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.