– Доналд Трамп го користи гневот на западната средна класа, на која и е доста од економијата на врхушката, политиката на врхушката и медиумите на врхушката, истакна независниот сенатор.
– Ако Трамп навистина планира да води политика за подобрување на животот на работниците во земјата, јас и другите лица кои се прогресивно настроени, сме подготвени да соработуваме со него, објасни Сандерс.
– Сепак, ако тој одлучи да води расистичка, сексистичка, ксенофобична и антиеколошка политика, ние ќе му дадеме енергичен отпор, предупреди тој.
– На луѓето им е доста да работат повеќе, а да заработуваат помалку, да гледаат како работниците заминуваат во Кина и други земји со ниска заработувачка, да не можат да го платат високото образование на нивните деца, милијардерите да не ги плаќаат федералните даноци и сето тоа, за да можат богатите да се збогатат уште повеќе, потенцира Сандерс.