Сандра Булок и Бред Пит заедно во најочекуваниот филм за оваа година

Холивудските актери со долгогодишни кариери, Сандра Булок и Бред Пит досега никогаш не биле заедно на филмското платно, но тој факт ќе стане минато, а тие двајца конечно ќе глумат еден покрaј друг во филмот „Брзиот воз“, објави.

Станува збор за еден од најочекуваните филмови кој спаѓа во жанрот акција и во моментов е во фаза на снимање. „Брзиот воз (Bullet Train)“ го режира Дејвид Лич, а неговата приказна е заснована на романот „Марија Битл“ од јапонскиот автор Котаро Исака.

Книгата, како што забележале и читателите, има неколку сличности со хит-филмот „Брзина“ од 1990-тите, каде што токму Сандра Булок глумеше покрај Кијану Ривс.

На Сандра Булок и Бред Пит ќе им се придружат и Џои Кинг, Арон Тејлор Џонсон, Мајкл Шенон, Логан Лерман и други.